Ако стане претседател на САД, Рамасвами ќе ја признае руската окупација и ќе ја блокира Украина во НАТО

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканска партија, Вивек Рамасвами вети дека ако биде избран за претседател на САД ќе ја признае руската окупација на Украина и ќе го блокира нејзиното членство во НАТО.

„Како претседател на САД, ќе го почитувам и оживеам наследството на (Ричард) Никсон со отфрлање на крвожедните муабети на корисните идиоти кои проповедаат непобедлива војна во Украина што ги принудува нашите две непријателски уште повеќе да се зближат… колку подолго трае војната во Украина, толку појасно станува дека има само еден победник – Кина“, посочи Рамасвами.

Тој истакнува дека по примерот на поранешниот американски претседател Никсон, сака во 2025 година да ја посети Москва со цел „да испорача мир во Украина, под услови американските интереси да бидат на прво место“.

Прочитајте и:  Србија се усогласи со пет одлуки на ЕУ, но не и со мерките против лидерите на Придњестровје

„За таа цел, ќе ја прифатам руската контрола врз окупираните територии и ќе ветам дека ќе ја блокирам кандидатурата на Украина за НАТО во замена за повлекувањето на Русија од воениот сојуз со Кина. Ќе ги укинам санкциите и ќе ја вратам Русија на светскиот пазар“, посочи Рамасвами.

Според рејтингот, 38-годишниот Рамасвами е меѓу првите три кандидати за претседателска номинација. Тој е најмладиот републикански кандидат кој учествувал на претседателските избори во САД. Претходно се занимаваше со успешен бизнис во областа на биотехнологијата.

МИА

- Реклама -