Ако треба и ќе гладуваат, ама одмор не пропуштаат

Според истражувањето на една британска туристичка агенција, Британците се еден од ретките народи кои се подготвени да жртвуваат речиси сè, само и само за да отидат на летен одмор. Речиси и да нема британски државјанин кој вели дека нема да отпатува некаде во странство на море, велат од агенцијата.

Според нивното истражување, во одлуката дали ќе одат на одмор, кај Британците не игра улога ниту Брегзит, па ниту ако треба да штедат на храна.

„Повеќе од половина од Британците патуваат со ограничен буџет, а поради тоа се подготвени да ги намалат трошоците во сите сфери од животот. Обично прво штедат на купување облека и акцесоари, потоа електронски гаџети, концерти, кино итн.“, објаснуваат „истражувачите“.

После набројаниве, Британците се подготвени да заштедат и на она што е најтешко за одрекување: алкохол, цигари и  храна со достава до дома.

Британците со деца, пак, за одмор почнуваат да штедат така што помалку јадат надвор од дома.

 

- Реклама -