Ако вакви одлуки се носат во Ф4, Валенсија може да го освои трофејот во Евролигата.

Ергин Атаман не сакаше да разговара за својата иднина по разочарувачкиот крај на сезоната во Евролигата. По поразот на Панатинаикос од Валенсија во петтиот натпревар од плејофот со резултат 81:64, тренерот го критикуваше судењето.

Поранешниот европски шампион незадоволно остана без шанса да учествува на Завршниот турнир, а Атаман истакна значителниот дисбаланс во слободните фрлања по натпреварот.

„Погледнав во статистиката и забележав дека шутевите од двојка и тројка се практично идентични. Валенсија погоди девет тројки, а ние десет. Ние постигнавме 14 шутеви за два, додека Валенсија 16. Има баланс тука. Но, во однос на фаулите, разликата е неверојатна. Валенсија реализираше 29 слободни фрлања, додека ние само осум. Тоа се случи и во четвртиот натпревар. Не сакам да се задлабочувам во темата, но ова е навистина многу чудно“, рече Атаман.

Прочитајте и:  Сестрите Вилијамс се враќаат на Вимблдон!

Тој беше особено разочаран од третманот на Кендрик Нан, кој заврши со девет поени, четири фаули и шест изгубени топки. Атаман тврди дека кандидатот за еден од најдобрите стрелци во Евролигата не добил ниту едно слободно фрлање во три последователни натпревари.

„Ова е трет натпревар по ред во кој вториот најдобар стрелец во Евролигата, Кендрик Нан, не доби ниту одно слободно фрлање. Трет натпревар во ОАКА Арената, четвртиот во ОАКА Арената и вечерва во Валенсија, а тој нема можност да шутира слободни фрлања. Кендрик Нан, вториот најдобар стрелец во Евролигата“, истакна Атаман.

Потсетувајќи на важноста на ситуацијата, тој продолжи со нова изјава.

„На крајот, сакам да кажам: ако критериумот на судиите остане ист на Фајналфорот, Валенсија ќе биде шампион на Евролигата“, додаде тренерот на Панатинаикос.

Фото/ EPA