Ако законот за амнестија добие европско знаменце, ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Парламентот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку законот за амнестија се носи по скатена постапка и со европско знаменце, ќе побара од највисоките тела на партијата поддршка за одлуката пратениците на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за амнестија и за него бидејќи нема европско знаменце ќе мора да се дисктутира по стандардна процедура и тогаш отворено кажуваме дека ќе го блокираме. А, ако решат да ги злоупотребат своите овластувања, како што тоа го направиле многу пати досега и повторно злоупотребат скратена процедура и европско знаменце, тогаш ќе побарам од ИК и ЦК на партијата поддршка за одлуката пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот“, порача денеска од Струмица Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот, ќе се покаже кои се пратениците

Во обраќањето на Втората годишна конференција на Унија на ветерани на партијата насловена „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“ тој рече дека сега пред избори власта со Законот за амнестија прави сценарио за слобода на голем број криминалци кои ќе им помогнеле во изборната кампања.

„Ковачевски плаќа висока цена за својата коалиција и силно го деградира нашето општество каде принципот на неказнивост стапува на сила. Криминалците не се плашат од одговорност, затоа што самата Влада продуцира неодговорност. Од друга страна, со мирна совест излегуваат и си велат дека следеле европски практики. Никаде во Европа нема терористи да ви убијат пет луѓе, од кои четири деца како што е случајот со Смилковското езеро и сега нивните џелати ќе ги пуштат на слобода со законот за амнестија“, рече Мицкоски.

- Реклама -