Актерка ќе го тужи YouTube поради контроверзниот “Innocence of Islam” (видео)

Актерка од Калифорнија која се појави во YouTube трејлерот “Innocence of Muslims” повторно бара од федерален суд видеото да биде отстрането.

Синди Ли Гарсија сега Google игнорирал пет барања за отстранување од YouTube. Откако Окружниот Суд во Лос Анџелес го одби нејзиното претходно барање таа сега ја префрла тужбата на федерално ниво. Гарсија вели дека поради филмот добила отказ, закани по нејзиниот живот и дека била измамена да се појави во филмот.

{youtube}WzI4qloRdaw{/youtube}

Таа тврди дека никогаш не му дала дозвола за користење на интелектуална сопственост на авторот на 14 минутното видео, Накула Басели Накула од Калифорнија. Според неа режисерот ја измамил дека ќе се појави во авантура а не во филм за пророкот Мухамед.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Во федералната тужба покрај продуцентот е именуван и YouTube, кој претходно не го отстранил видеото и покрај пет барања од агентот на Гарсија. Според Digital Millennium Copyright Act, сајтовите како YouTube се имуни од вакви тужби ако ја отстранат содрижната по барањето на носителот на авторски права.

- Реклама -