Актерот на Instagram откри дека има рак!

Актерот Хју Џекмен откри дека има рак на кожа и дека веќе бил подложен на операција.0

Хју Џекмен преку фотографија покажа дека го отстранил ракот на кожата кој се појавил на неговиот нос. Всушност, кога забележал чудна лузна на носот, неговата сопруга Дебора го убедила да одат на лекар, каде открил дека се работи за рак на кожа.

„Луѓе, таа беше во право! Имав карцином, и ве молам, немојте да бидете глупав како мене. Правете контроли и ставајте заштитна крема за Сонце“, им препорача на своите обожаватели.

Да потсетиме, овој месец е Ноември- месец кога се обрнува внимание на здравјето на мажите и се промовира навремено лекување на болести кои се карактеристични за машкиот пол.

Прочитајте и:  Инстаграм забранува „скриншоти“ на фотографиите испратени во порака
- Реклама -