Алабаковски на протестот пред Влада, симболично ги запали договорите со Грција и Бугарија и францускиот предлог

Пејачот Ламбе Алабаковски, кој го подметна пожарот  во „културниот клуб“ на Бугарите во Битола – „КЦ Иван Михајлов“, со изведба химната на Македонија го отвори денешниот протест пред Владата, на кој се бара отфрлање на францускиот предлог под слоганот „Ултиматум – НЕ Благодарам“.

„Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“, порача Алабаковски, кој она што ѝ се случува на Македонија го карактеризираше како „фашизам“.

Воедно, пејачот запали лист хартија на кој беа наведени Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и францускиот предлог, со порака дека се штетни за Македонците, Македонија и македонскиот идентитет.

Прочитајте и:  ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија
- Реклама -