Алармантно: За помалку од три месеци, 11 нови случаи на ХИВ во Македонија

Започнувајќи од јануари годинава, па се до вчера, биле откриени 11 нови случаи на  заболени од ХИВ-вирусот, а 8 од нив се хомосексуалци на возраст од 20 до 29 години.

Од страна на  Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство и невладините организации ХОПС, ХЕРА, Егал, било направено истражување врз 200 лица со ризично однесување, па оттука се добиени застрашувачките резултати.

Дневник пишува дека во периодот од 1987 до 2004 биле регистрирани само 10 мажи со ХИВ/СИДА, кои вирусот го добиле преку сексуален контакт со мажи, а од 2005 до 2014 година има 51 нов случај на мажи што се заразиле преку секс со мажи.

За споредба, лани во текот на целата година  биле регистрирани 24 случаи, а сега за само 2,5 месеци има 11 новопријавени случаи.

- Реклама -