Три месеци пред истекот на вашата лична карта, автоматски ќе добиете известување на вашето сандаче, а истата информација ќе стигне и на вашата мејл-адреса. Во известувањето ќе биде наведено дека ви истекува личната карта и дека имате можност да ја обновите. За да закажете обновување, може да го искористите линкот што ќе ве упати на потребната страница, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, објаснувајќи ја функционалноста на услугата.
Постот Алатката „е-сандаче“ функционална, „е-киоск“ делумно, а апликацијата „е-услуги“ и проектот „е-бебе“ се на добар пат да профункционираат се појави првпат на нашата страница.




