По барање на Основното јавно обвинителство Скопје судот ја замени мерката притвор за Aлександар Јаневски – Тошта кој е обвинет во случајот за обид за убиство на Зијадин Села.
Во соопштението од Основното јавно обвинителство се вели дека мерката притвор се заменува со поблага мерка куќен притвор.
“Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за замена на мерката притвор со поблага мерка куќен притвор за обвинетиот А.Ј.-Т.
Надлежниот обвинител по вторпат пред судот укажува дека со оглед на здравствената состојба кај обвинетиот и поодминатата фаза на постапката и со поблага мерка ќе се постигнат целите и нема да се загрози понатамошниот тек на постапката по однос на овој обвинет”, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство.