Промена на раководното место во Хидоренергетски систем „Маврово – Гостивар“. Управниот одбор на АД ЕСМ за директор на подружница ХЕС „Маврово – Гостивар“ го назначи Александар Левкоски, информираа денес од компанијата.
Лавкоски е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство во АД ЕСМ, а со мавровскиот хидроенергетски систем раководеше и претходно.
Од компанијата соопштија дека за директор на ХЕЦ „Тиквеш – Кавадарци“ е поставен Звонко Бошков, дипломиран електроинженер.