„Александар Велики“ го доби патникот под број – милион

По најавата, денеска на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје поминаа патникот под број еден милион.

Скопјанката Јана Ивановска која напладне пристигна со летот на авиокомпанијата Визер на релацијата Ајнтховен – Скопје е милионитиот патник на аеродромот.

Како награда ќе добие викенд-патување за двајца во Истанбул и парична награда.

На пречекот на милионитиот патник денеска присуствуваа раководството на концесионерот ТАВ Македонија, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Аеродромот „Александар Велики“ беше модернизиран во септември 2011 година со инвестиција од околу 100 милиони евра на концесионерот турски ТАВ.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -