Алијанса и Алтернатива размислуваат за бојкот на Собранието

Дванаесетте пратеници на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива на Зијадин Села и Африм Гаши, размислуваат за бојкот на Собранието, пренесува „ТВ21“. Причината е неисполнувањето на ветувањето од страна на ДУИ за прв премиер Албанец токму во овој мандат.

Идејата прв ја претстави генералниот секретар на Алтернатива – Скендер Реџепи, а за Арбен Таравари од АА ваквиот чекор е сосема логичен и една од можните опции. Одлуката, вели тој, ќе ја донесат во следните денови.

 

Прочитајте и:  ВРЕДИ: ДУИ ги држеше Албанците како заложници со договори на дело, ние ќе ги решиме сите неправди кон нив
- Реклама -