Алиу: Прашањата за испитите за административни службеници за првпат достапни и на албански јазик

На веб страниците на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и на Агенцијата за администрација прв пат и на албански јазик се достапни прашања за стручниот дел од испитот за административен службеник, како и прашања за теоретскиот и практичниот дел за административно управување.

Како што соопшти денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, од 16 октомври 2023 година граѓаните Албанци може да остварат уште едно законско право, да се подготват и да ги полагаат двата испита за административни службеници на албански јазик.

„Можноста за остварување на законското право за граѓаните Албанци да се вработат и да бидат унапредени во администрацијата, но и нивните знаења и вештини да се проверуваат на нивниот мајчин јазик, недостасуваше близу две децении. Употребата на мајчиниот јазик при полагањето на испитите ќе им обезбеди на граѓаните Албанци целосно да ги разберат прашањата и информациите што значи можност да ги одговорат точно и прецизно“, рече Алиу.

Прочитајте и:  Ден на албанската азбука: Ниту едно добиено право не може да се укине или ограничи - му порача Меџити на Уставен суд

Ова, напомена министерот, е уште важен чекор кон мултикултурализмот во државата и почитување на различностите.

- Реклама -