Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз нема да учествува на овогодинешниот Ролан Гарос.
Минатата недела, Алкараз се повлече од турнирот во Барселона по само еден одиграно натпревар, поради повреда на зглобот.
Исто така, тој се откажа и од Мастерсот во Мадрид, а според новите информации, повредата е посериозна отколку што првично се сметаше.
„По резултатите од тестовите спроведени денес, одлучивме дека е најразумно да бидеме претпазливи и да не учествуваме на турнирите во Рим и Ролан Гарос, додека чекаме да го процениме напредокот со цел да одлучиме кога ќе се вратиме на теренот. Овој период е навистина тежок за мене, но верувам дека ќе излеземе од него посилни“, изјави Алкараз.
Алкараз, кој во моментов е втор на АТП листата, требаше да ја брани титулата во Париз, која ја освои и лани.
Откако започна сезоната, Шпанецот има 22 победи и три порази, а успеа да освои два трофея – Австралија Опен и Доха.
Ролан Гарос е планиран да се одржи од 24 мај до 7 јуни.
Фото/ Depositphotos




