Челниците на една од најуспешните екипи по оформувањето на Премиер лигата, Арсенал, нема да му понудат нов договор на голманот Мануел Алмунија, што значи дека тој и официјално го напушта клубот.
Поранешниот прв чувар на мрежата на Арсенал, 35-годишниот Алмунија, падна во трет план на Емиратите, зад полскиот репрезентативен голмански тандем – Војчех Шчежни и Лукаш Фабијански, поради што раководството на „Топчиите“ се одлучи да не ја продолжува соработката и да му дозволи да си ја побара среќата во друг клуб.
Алмунија има 175 официјални натпревари за Арсенал откако во 2004 година дојде во Англија од редовите на Селта Виго, а на 70 од нив не прими гол.
Објавено во соработка со Екипа.