„Алсат“: БЕСА бара „државјанство на Македонија/државјанин на…“, Заев не прифаќа

Преговорите меѓу премиерот Зоран Заев и партискиот врв на БЕСА на Билал Касами се во ќорсокак и тешко дека ќе се постигне договор, дознава „Алсат“.

Според неофицијални извори, Заев не го прифаќа барањето на БЕСА државјанството во Уставот да биде определено на следниов начин: „државјанство на Македонија/државјанин на Република Северна Македонија“.

БЕСА, од друга страна, го прифаќа „македонско“(то) државјанство за Македонците, но не и за Албанците, дознава „Алсат“.

Претходно премиерот Заев објасни дека се работи за проблем во преводот од албански и игра на зборови, но тоа сигурно нема да ја интересира Грција, бидејќи од Преспанскиот договор јасно произлегува дека во Уставот, а ни на државен документ, не може да стои фраза како „државјанство на Македонија“, без разлика на кој и јазик да е напишана. Впрочем, тоа е и една од главните поенти на уставните измени – секаде каде што стои „Македонија“ да се додаде „Северна“.

Прочитајте и:  Реслер: С. Македонија мора да направи конкретен чекор, но и ЕУ да ја сфати геополитичката димензија - во неа нема место за билатерални уцени

Повеќе за проблемите при преговорите со БЕСА – ТУКА.

 

- Реклама -