Американците ја растурија Шпанија (видео)

Кошаркарската репрезентација на САД на најдобар можен начин го демонстрираше својот талент, но и решеноста за одбрана на златото освоено пред четири години во Пекинг, декласирајќи го националниот тим на Шпанија со 100:78 во последниот контролен натпревар во пресрет на Олимписките Игри во Лондон.

Шпанците важат за главни ривали на „Тимот од соништата“ во битката за златниот медал, но суперѕвездите на селекторот Крижевски во ниту еден момент не дозволија нивниот триумф да биде доведен во прашање.

Кармело Ентони одигра одличен меч реализирајќи 27 поени, дури 23 од нив во првото полувреме, кога САД оствари двоцифрена предност. И Леброн Џејмс беше незапирлив за одбраната на Шпанците постигнувајќи 25 поени, додека Кевин Дурент постигна десет од своите тринаесет поени во првите три минути од третиот период, кога Американците ставија крај на дилемите околу победникот на овој натпревар.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

{youtube}WUvLKVdEjfE{/youtube}

„Ова беше добар тест против силна репрезентација, задоволни сме од начинот на којшто одигравме. Дојде крајот на пријателските дуели, на егзибициите, сега на ред се Олимписките игри и ние со нетрпение го очекуваме тој голем предизвик“ порача Леброн Џејмс.

- Реклама -