Поради зголемениот број случаи на задушување со храна кај децата, Американците бараат редизајн на некои видови храна и ставање предупредување на етикетите. Како најголем непријател на дишењето е прогласен хот-догот, кој е одговорен за 17% од смртните случаи.
Според најновото истражување, околу 14% од децата во Америка имаат несреќен случај во текот на годината при кој се задушуваат со храна. Од нив, 10 илјади случаи завршуваат фатално. Од тие 10 илјади, дури 17% се должат на задушување со виршли.
Поради тоа, Агенцијата за храна и лекови на Америка, побара од производителите на храна да ги редизајнираат виршлите и да стават предупредување на етикетите. Агенцијата истакнува дека од сите потенцијално опасни видови храна, виршлите се најопасни затоа што се совршен задушувач за децата. Имаат доволна големина, форма која може да го затвори дишникот, а секако најопасен е фактот што нив можете да ги притиснете, па кога ќе навлезат во дишникот се заглавуваат, па понекогаш ниту професионалните медицински екипи не можат да ги извадат, по што жртвата умира.
Во опасната храна, покрај виршлите, набројани се уште и: тврдите бонбончиња, грозјето, лешниците, кикириките, како и путерот од кикирики. Агенцијата за храна и лекови побара од производителите сами да најдат начин да ја сменат опасната форма, големина и текстура на производите што ги убиваат децата.
Претставниците на производителите го пренасочија проблемот онаму каде што му е местото – кај родителите, наставниците и педијатрите – луѓето што треба да ги научат децата како се конзумира храна.
Сепак, би било интересно да се види како ќе изгледаат предупредувањата на етикетите. Можеби: „Храната која нема да ја џвакате или ќе се обидете да ја голтнете цела, може да ве убие“? [Pediatricians Want Redesign of Hot Dogs, Candy to Curb Kids’ Choking]