Американската амбасада го прекори Мицкоски за „потпалувачката реторика“

„Потпалувачката реторика на политичките лидери поттикнува страв и поделба, особено кога неточно се користат минати настани, како Нирнбершките судења, во политички цели. Таквата реторика е опасна и не придонесува за продуктивен дијалог во поглед на насоката на земјата. Од клучна важност е лидерите овде да земат учество во поцивилизиран дијалог кој ќе ја унапреди стабилноста и просперитетот на Северна Македонија“, порачаа попладнево од Американската амбасада во Скопје на официјалниот Фејсбук профил на Амбасадата.

Иако не е директно прозван лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, апелот на амбасадата на САД се однесува на неговата неумесна изјава во интервјуто на „Сител“, во која коментирајќи го притворот на Митко Чавков непосредно пред изрекувањето на пресудите за обвинетите за упадот во Собранието од 27 април, Мицкоски оцени дека тоа ќе биде „Нирнбершки процес за првпат запаметен во поновата историја на Република Македонија“.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

„Имам информации дека Митко Чавков е осуден на подолго од 14 години. Очекувам вкупната пресуда што ќе се изрече ќе биде преку 100 години за сите луѓе и ќе биде практично Нирнбершки процес, осветољубие и ништо друго“, изјави Мицкоски.

Со оглед дека во Нирнбершкиот процес (т.е. Нирнбершките судења) им се судеше на видни нацисти за Холокаустот и други воени злосторства од Втората светска војна, а Мицкоски стои на ставот дека обвинетите за 27 април се невини, т.е. дека тоа е монтиран процес, по логиката на изјавата (2:15 во видеото) следува дека и нацистите во Нирнбершките судења биле невини.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/1343562302452997/

- Реклама -