Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнс, ги честиташе успесите на деветтиот парламентарен состав кој вчера, со изгласување на Зaкoнот за јавно oбвинителство и Зaкoнот за Советот на јавни oбвинители, ја заврши својата работа.
„Со распуштањето на деветтиот парламентарен состав во историјата на Северна Македонија, би сакала да го истакнам значајниот прогрес што беше постигнат во изминативе три години.
Тука е вклучена ратификацијата на протоколот за членство во НАТО, ратификацијата и чекорите на имплементација на Преспанскиот договор, рафитикацијата на Договорот за пријателство со Бугарија, како и усвојувањето на зaкoните за Националната агенција за безбедност и за Оперативна техничка агенција, Зaкoнот за јазиците, измените и дополнувањате на Зaкoнот за одбрана, Зaкoнот за заштита и спречување на дискриминација и Зaкoнот за јавното oбвинителство, да набројам неколку“, се вели во изјавата на Брнс.
„Овие постигнувања ја покажуваат посветеноста на Северна Македонија кон реформската агенда, во корист на нејзините граѓани и за обезбедување на нејзината трансатлантска иднина“, додаде амбасадорката.
My statement on the conclusion of the ninth parliamentary composition and the progress that has been made in the past three years: https://t.co/I6sKviWjyP pic.twitter.com/uhWs9boJ1U
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) February 17, 2020