Американската армија со над 10.000 војници и десетина бродови ја блокира Ормуската теснина, соопшти Централната команда.

Повеќе од 10.000 американски војници, морнари и пилоти, поддржани од десетина воени бродови и многубројни авиони, спроведуваат операција за блокирање на поморските патишта во близина на иранските пристаништа во Заливот. Оваа информација вечерва ја објави Централната команда на американската армија (CentCom) на социјалната мрежа Икс. „Во текот на првите 24 часа, никој брод не ја прекрши блокадата на САД“, се наведува во соопштението.

Прочитајте и:  Со 1,59 промили алкохол предизвикал неред во болница во Велес – заврши во полиција