Американски дипломати во јули предупредиле на можноста да падне Кабул

Њујорк, 20 август 2021 (МИА) – Дваесетина американски дипломати во Авганистан минатиот месец преку интерни депешеа го предупредиле државниот секретар Ентони Блинкен за потенцијален пад на Кабул во рацете на талибанците поради повлекувањето на американските воени сили од земјата, што на крајот се случи во неделата, пишува Волстрит џурнал.

Според весникот, доверливите депешеа биле испратени по т.н. дисидентски канал, со датум од 13 јули, и во нив се содржани препораки за начините за ублажување на кризата и за забрзана евакуација.

Американската администрација наиде на големи критики во јавноста бидејќи не вложила поголеми напори за евакуација на дипломатите и другите граѓани од Авганистан и авганистанските сојузници, се дури талибанциите не започнаа силна офанзива.

Прочитајте и:  Русија ги брише талибанците од листата на терористи
- Реклама -