Американски конгресмени бараат да се реши билатералниот со Бугарија и земјава да ги почне преговорите со ЕУ до крајот на годината

Вашингтон, 20 ноември 2021 (МИА) – Да се реши билатералниот спор меѓу Софија и Скопје за да може Северна Македонија да ги почне преговорите со Европската унија до крајот на годината. Такво барање упатија конгресмени од Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД до бугарскиот амбасадор во Вашингтон.

„Се надеваме дека ќе ги ставите разликите настрана и ќе поддржите целосна политичка интеграција на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија“, се вели во писмото на двопартиската конгресна група до амбасадорот Тихомир Стојчев.

Покрај тоа што Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите да ги почнат пристапните преговори со Европската Унија, се наведува во писмото, останува спорот меѓу вашата држава и Северна Македонија, што ги спречува Албанија и Северна Македонија да ги почнат тие разговори. Според нив, натамошното одложување на прогресот на Скопје и Тирана кон ЕУ ќе фрли сомнеж врз заложбите на западните лидери и ќе отвори врата за антизападни политички влијанија во регионот, конкретно од Кина и од Русија.

Прочитајте и:  Вајц: Треба промена на Уставот, но и треба да работиме да обезбедиме гаранции дека Бугарија нема да има нови барања

„Веруваме дека евентуалното членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ е од клучно значење за долгогодишен мир и стабилност на регионот на Западен Балкан и за целата трансатлантска заедница“, се посочува во писмото од американските конгресмени.

- Реклама -