Американски медиуми: Роберт Ф. Кенеди Јуниор се откажува од трката за претседател, гласовите ќе му ги даде на Трамп

Претседателскиот кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор се очекува да се откаже од трката за Белата куќа, објавија американски медиуми, а независниот кандидат треба да има големо обраќање во текот на неделава.

„Њујорк тајмс“ и „Си-Ен-Ен“ објавија дека Кенеди, чија поддршка беше 8,7 проценти во анкетата на „Хил“ ширум земјата оваа недела, ќе го поддржи републиканскиот кандидат Доналд Трамп по откажувањето.

Аналитичарите велат дека во тесната трка меѓу Камала Харис од Демократската партија и Трамп за претседателската функција, гласовите на поддржувачите на Кенеди би можеле да го одредат исходот во некои држави.

Кенеди е адвокат за заштита на животната средина и долгогодишен скептик за вакцини, чија кампања се бореше да добие привлечност кај мејнстрим гласачите.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Неговата кампања синоќа соопшти дека в петок тој ќе и се обрати на нацијата од сојузната држава Аризона, каде што Трамп исто така треба да одржи предизборен настан тој ден.

„Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Јуниор в петок ќе и се обрати на нацијата во живо за сегашниот историски момент и неговиот пат напред“, се вели во кусото соопштение од кампањата.

„Њујорк тајмс“ вчера цитираше три анонимни извори дека Кенеди ќе ја заврши својата кампања и потенцијално ќе го поддржи Трамп.

Си-Ен-Ен цитира два анонимни извори кои објавија дека Кенеди се очекува да ја прекине својата кампања в петок.

- Реклама -