Американски татко направи за своите деца вселенски симулатор

Во детството многумина си замислуваат дека се храбри космонаути, лебдат низ бескрајната вселена, насликана од детската фантазија. Џеф Хајсмит им помогна на своите деца да се почувствуваат како вистински астронаути и да помечтаат.

 Џеф започна со изградба на  детална и реална конзола за управување на вселенските летови на NASA. Овој човек од едно обично биро има направено конзола за управување на вселенски бродови со многу копчиња, прекинувачи и прибор, кои што изгледаат многу реално.

За да ги создаде му биле потребни: LED диоди, прекинувачи, светлосна табла, многу електроника и реални лепенки врз палубата…се за соништата на своите деца.

Џеф не се ограничува само со палубата, а создава и детски “вселенски брод”. Всушност улогата на брод ја извршува детскиот кревет со панел од десетина различни прекинувачи, екран, џојстик и управувачот за вршење на посебни активности во отворен простор. Во детскиот кревет се вградени и звучници кои создаваат звук, имитирајќи го  полетувањето на вселенски брод. Сега двата сина на Џеф Хајсмит можат да играат заедно: едниот на  конзолата, а другиот во вселенскиот брод. Децата можат да се забавуваат и да сонуваат.

- Реклама -