Американски воен брод илегално упаднал во кинеските територијални води, тврди Пекинг

Кинеската војска денеска соопшти дека брод на американската морнарица илегално упаднал во кинеските територијални води во близина на Вториот гребен Томас, спорниот атол во Јужното Кинеско Море, што неодамна беше место на неколку поморски инциденти, јави ДПА.

„САД сериозно го нарушија регионалниот мир и стабилност“, се наведува во соопштението на портпаролот на јужниот сектор на Кина, додавајќи дека САД го нападнале Јужното Кинеско Море и го нарушиле суверенитетот на Кина, пренесуваат британските медиуми.

Кина се расправа со неколку соседни земји за одредени делови од поморските области во Јужното Кинеско Море.

Американската морнарица објави дека воениот брод УСС „Габриел Гифордс“ пловел во рутинска операција во меѓународни води во Јужното Кинеско Море, во согласност со меѓународното право.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

МИА

- Реклама -