Амир-Абдолахиан од говорницата на ОН во Женева: Израел и САД никогаш нема да го елиминираат Хамас

Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир-Абдолахиан, денеска изјави дека Израел и САД никогаш нема да можат да го елиминираат Хамас.

Говорејќи во Обединетите нации во Женева, шефот на иранскиот министер за надворешни работи оцени дека Израел ќе може да обезбеди ослободување на заложниците во Газа само со политичко решение, а не со војна, и додаде дека Хамас е „ослободително движење“, пренесуваат британските медиуми.

Иранскиот Врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, неодамна апелираше до муслиманските земји кои одржуваат политички врски со Израел да ги прекинат барем на „ограничено време“ и повика на ембарго за нафта и храна за Израел.

Прочитајте и:  Израел се согласи на примирје со Хезболах
- Реклама -