Победата на претседателските избори на кандидатот на СДСМ и коалицијата – Стево Пендаровски, ја коментираше доцна синоќа и алтернативната министерка за надворешни работи на Грција – Сиа Анагностопулу.
Обраќајќи се на Твитер, таа оцени дека Северна Македонија му ставила крај на „нациoнaлиcтичкoто минато со ВМРО“ и дека овие претседателските избори, први по Преспанскиот договор, покажуваат дека „нашите соседи се решени да одат напред, надминувајќи ги сите нациoнaлиcтички пречки“.
Η Βόρεια Μακεδονία έριξε τίτλους τέλους στο εθνικιστικό παρελθόν με το VMRO. Μετά τη Συμφωνία των Πρεσπών, οι προεδρικές εκλογές δείχνουν ότι οι γείτονες μας είναι αποφασισμένοι να προχωρήσουν μπροστά σπάζοντας όλα τα εθνικιστικά εμπόδια. #Βόρεια_Μακεδονία, #Συμφωνία_των_Πρεσπών.
— Σία Αναγνωστοπούλου (@sia_anag) May 5, 2019