Анализа на Ројтерс: Како Израел беше измамен додека Хамас планираше разорен напад

Фото: Фејсбук профил на Израелската армија

Целиот свет викендов гледаше како палестинската исламистичка група Хамас го фати Израел на спиење, изведувајќи разурнувачки напад, во кој на најмоќната армија на Блискиот Исток се спротистави користејќи параглајдери и булдожери.

Најголемиот пробив во одбраната на Израел од војната во Јом Кипур во 1973 година, следеше по двегодишните уверувања на Хамас дека не сака конфликт, додека тајно правеше воени планови, се наведува во анализата на Ројтерс, пренесува Телеграм.

Внимателно планираната кампања на лукавство го фати Израел неподготвен кога палестинската исламистичка група Хамас го започна својот разурнувачки напад и и овозможи на организацијата која користи булдожери, параглајдери и мотоцикли да ја нападне најмоќната армија на Блискиот Исток.

Саботниот напад, најголемиот пробој во израелската одбрана откако арапските војски ја започнаа војната во 1973 година, уследи по двегодишните подготовки на Хамас кои вклучуваа чување во тајност на воените планови и уверување на Израел дека не сака конфликт.

Додека Израел е наведен да верува дека Хамас е исцрпен од војната и зауздан од економските стимулации на работниците во Газа, борбените групи постојано се обучуваат и вежбаат, честопати на очигледен поглед, рече извор близок до Хамас. Овој извор даде многу детали за нападот и подготовките. За овој извештај придонесоа и три извори во израелскиот безбедносен естаблишмент, кои побараа да останат анонимни, наведува Ројтерс, пренесува Бизнис стандард..

„Хамас го наведе Израел да верува дека не е подготвен да се бори“, рече извор близок до Хамас, опишувајќи ги плановите за најневеројатниот напад од војната во Јом Кипур пред 50 години, кога Египет и Сирија го изненадија Израел и го принудија да се бори за опстанок.

„Хамас употреби невидена разузнавачка тактика за да го доведе Израел во заблуда во последните месеци, оставајќи впечаток на јавноста дека не е подготвен да влезе во борба со Израел додека се подготвуваа за оваа голема операција“, рече изворот.

Израел признава дека бил изненаден од нападот. Борците на Хамас нападнаа израелски градови, убија над 700 Израелци и киднапираа повеќе од 100 луѓе. Израел последователно уби повеќе од 400 Палестинци во својата одмазда против Газа.

„Ова е нашиот 11 септември. Нè фатија на спиење. Нè изненадија и нè нападнаа брзо од многу места – од воздух, од земја, од море“, изјави мајор Нир Динар, портпарол на израелските одбранбени сили. Осама Хамдан, претставник на Хамас во Либан, изјави дека нападот покажал дека Палестинците имаат волја да ги постигнат своите цели „без оглед на воената моќ и можностите на Израел“.

Во еден од највпечатливите елементи на подготовките, Хамас изгради лажна израелска населба во Газа каде што вежбаше воено слетување и напад, изјави извор близок до Хамас, додавајќи дека има видеа од маневрите: „Израел сигурно ги видел , но тие беа убедени дека Хамас не е подготвен да влезе во конфликт“.

Во исто време, Хамас се обиде да го убеди Израел дека е повеќе загрижен за работниците во Газа, тесен појас од повеќе од два милиони луѓе, кои имаат пристап до работни места преку границата и дека не е во нивен интерес да започнат нова војна.

Од војната со Хамас во 2021 година, Израел се обидува да обезбеди основно ниво на економска стабилност во Газа, нудејќи им стимулации и илјадници дозволи за да работат во Израел или на Западниот Брег, каде што платите во градежништвото, земјоделството или услужните работни места може да бидат 10 пати повисоки од плаќањата во Газа.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

„Верувавме дека тоа што тие доаѓаат на работа и внесуваат пари во Газа ќе создаде одредено ниво на смиреност. Згрешивме“, рече друг портпарол на израелската армија.

Израелски безбедносен извор признава дека Хамас ги измамил израелските безбедносни служби: „Тие не натераа да мислиме дека сакаат пари. И вежбаа цело време додека не започнаа немирите“.

На Западниот Брег, кој е под управа на палестинскиот претседател Махмуд Абас и неговата организација Фатах, имаше и такви кои го исмеваа Хамас за неговиот молк.

Друг израелски безбедносен извор рече дека имало период кога Израел верувал дека водачот на движењето Газа, Јахја Ал-Синвар, бил повеќе преокупиран со водење на Газа отколку со убивање Евреи. Истовремено, Израел го сврти својот фокус од Хамас и се заложи за договор за нормализирање на односите со Саудиска Арабија.

Израел долго време се гордее со својата способност да се инфилтрира и да ги надгледува исламистичките групи. Како резултат на тоа, изјави извор близок до Хамас, клучен дел од планот бил да се избегнат протекувања. Многу лидери на Хамас не беа свесни за плановите. Иако вежбаа, илјадниците борци распоредени во нападот немаа поим за точната цел на нивните вежби.

Кога дојде денот на нападот, операцијата беше поделена на четири дела, рече извор од Хамас, опишувајќи ги различните елементи. Првиот потег беше лансирање на 3.000 ракети од Газа, што се совпадна со упадите на борците кои летаа со параглајдери или едрилици преку границата. Израел претходно соопшти дека биле истрелани 2.500 ракети.

Откако борци со параглајдери се спуштија на земја, тие го обезбедија теренот за да може елитната единица командоси да го нападне утврдениот електронски и цементен ѕид што Израел го изгради за да спречи инфилтрација. Борците користеле експлозиви за да ги пробијат бариерите, а потоа со голема брзина поминале со мотоцикли. Булдожерите ги проширија празнините и повеќе борци влегоа во Израел со возила со погон на четири тркала.

Единицата на командоси нападна штаб на израелската армија во јужниот дел на Газа и ги прекинат нејзините комуникации, спречувајќи го персоналот да ги повика командантите или меѓусебно. Последниот дел се однесуваше на трансферот на заложниците во Газа, главно во раните фази на нападот, изјави извор близок до Хамас. „Како може оваа забава да се случи толку блиску до Газа? прашал израелски безбедносен извор.

Израелски безбедносен извор изјави дека израелските сили на југот во близина на Газа биле ослабени бидејќи некои војници биле прераспоредени на Западниот Брег за да ги заштитат израелските доселеници по брановите на насилство меѓу нив и палестинските милитанти. „Хамас го искористи тоа“, рече изворот.

Пензионираниот генерал Јаков Амидрор, поранешен советник за национална безбедност на премиерот Бенјамин Нетанјаху, вчера оцени пред новинарите дека нападот претставува „голем неуспех на разузнавачкиот систем и воениот апарат на југот“.

Амидрор беше претседател на Советот за национална безбедност од април 2011 до ноември 2013 година, а сега е виш соработник во Ерусалимскиот институт за стратегија и безбедност. Тој рече дека некои од сојузниците на Израел рекле дека Хамас станал поодговорен: „Глупаво почнавме да веруваме дека тоа е вистина. Така направивме грешка. Нема да ја повториме оваа грешка и ќе го уништиме Хамас, полека но сигурно“.

МИА

- Реклама -