Музејот на македонската борба за самостојност во соработка со Асоцијацијата за култура ИКОН во пресрет на најголемиот национален празник 2 Август, кога се одбележува 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, темелникот на македонската државност, ја поставува изложбата Анатoмија на муралот, Илинден 1903, Борко Лазески.
Свеченото отворање на изложбата е утре со почеток во 19.30 часот.
„Претставуваме селекција од досега неизложувани 24 оригинални скици и цртежи од македонскиот уметник Борко Лазески, врз основа на кои е изработена познатата фреска Илинден 1903“ велат организаторите.