Анчелоти: Убеден сум дека Гвардиола не мисли така како што рече

Анчелоти: Убеден сум дека Гвардиола не мисли така како што рече

Фудбалските екипи на Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе се соочат во среда од 21 часот во реванш натпреварот од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.

Овој дуел во Мадрид ќе реши кој од двата европски фудбалски гиганти ќе обезбеди место меѓу 16-те најдобри во натпреварувањето.По тесниот пораз од 2:3 во првиот натпревар, стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изрази сомнеж во шансите на неговиот тим.

„Нашите можности за триумф на „Сантијаго Бернабеу“ се навистина мали, тоа е јасно на сите. Тешко е да се каже точно во проценти, но би рекол дека се под 1%. Причината е едноставна – резултатот од првиот натпревар не ни оди во прилог. Водевме 2:1 пет минути пред крајот, но на крајот загубивме 2:3, што ги намали нашите опции“, изјави Гвардиола, додавајќи: „Ќе се обидеме да ги искористиме шансите што ќе ни се укажат и ќе видиме како ќе се одвива натпреварот“.

На прес-конференција своето мислење го изнесе и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој не верува целосно во зборовите на неговиот колега.

„Да бидеме реални, не верувам дека Гвардиола навистина го мисли тоа. Ќе го прашам пред натпреварот дали навистина верува дека имаат само еден процент шанси. Реално, тој е свесен дека шансите им се поголеми, и тоа е разбирливо. Од друга страна, ниту ние не мислиме дека имаме 99 проценти. Имаме мала предност и мораме добро да ја искористиме. Ќе се обидеме да ја повториме играта од првиот натпревар“,изјави италијанскиот стратег.