Читателската публика во Скопје ќе има неповторлива можност да се сретне со еден од најуспешните автори на крими трилери на денешнината, Андерс Рослунд, кој ќе биде специјален гостин на Саемот на книга на штандот на „Антолог“. Рослунд е познат по своите напнати трилери и освојувањето на многу награди, но и по позиционираноста на водечки места на бестселер-листатата на „Њујорк тајмс“. Шведскиот автор ќе биде присутен на штандот на Антолог во сабота (20 април) со почеток од 12 часот во рамки на Саемот на книга, подготвен да се запознае со своите читатели.
„Ние како издавачка куќа сме исклучително возбудени што имаме можност да го пречекаме Андерс Рослунд на Саемот на книга во Скопје. Рослунд е еден од најистакнатите автори на криминалистичка проза во моментов, со богата кариера и со голем број на обожаватели низ светот. Неговите трилери се познати по својата напнатост и интрига, и сигурни сме дека ќе биде неповторливо искуство за сите присутни на настанот да имаат можност да го сретнат и разговараат одлблизу со него“, потенцираат од издавачката куќа „Антолог“.
Андерс Рослунд е автор на најчитаните „Чук чук”, „Слатко сонувај“ и „Верувај ми“, која ќе има специјална промоција во рамки на Саемот на книга, три дела кои веќе се преведени на македонски, и на други наслови зад кои се потпишува во дуо.
Во текот на настанот, посетителите ќе имате можност да го сретнат Андерс Рослунд, да се фотографираат со него и да добијат автограм на неговите книги, вклучувајќи ја и „Верувај ми“, која излегува специјално за неговата посета. Читателите ќе имаат можност да уживаат во разговор со авторот и да го слушнат неговиот поглед на литературата што ја создава.
Рослунд се надева дека книженоста може да ни овозможи да ги надминеме нашите ѕидови, барем во доменот на имагинацијата. „За време на овие чудни и осамени времиња сите ние треба да отпатуваме на кратко, барем во некој измислен свет“, вели тој додека се борел со осаменоста и сите предизвици кои му застанувале на патот.
Доаѓањето на Андерс Рослунд во Скопје е еден од најважните активности во склоп на годинашниот Саем на книга кој се одржува под слоганот Приказна се чита, а публиката ќе има прилика да го доживее овој момент и да го запамети како незаборавен.
Андерс Рослунд (1961) е шведски новинар и писател. Автор е на трилери и на криминалистички романи. Досега има објавено десет книги како дел од успешните писателски дуети Рослунд и Хелстром и Рослунд и Тунберг. Пишува и под псевдонимот Антон Свенсон. Добитник е на многубројни престижни меѓународни награди. Бил основач на „Вести од културата“ на Шведската национална телевизија а работел и како новинар во црна хроника. Неговите дела се преведени на 31 јазик и продадени во 3 милиони примероци. Живее со семејството во Стокхолм.
Официјален сајт: https://www.andersroslund.se/
Датум: 20 април
Време: 12 часот
Локација: Штанд „Антолог“ – Саем на книга „Борис Трајковски“
Ви благодариме на вашето внимание и се надеваме на вашата поддршка и присуство на овој прекрасен и редок настан.
За повеќе информации и за интервјуа, ве молиме контактирајте нѐ на: antolog@gmail.com