Младиот и даровит музичар Андреј Јовановиќ, познат по уметничкото име Дре, во соработка со легендарните Пука Козметика, на Втори август, во чест на големиот празник Илинден, ја промовираше својата најнова песна под наслов “Бољи Живот”.
За музиката и аранжманот е задолжен самиот Андреј, додека текстот е создаден во колаборација со близнаците од Пука Козметика. Во песната, се појавува и Диџеј Славе, кој со своите скречови го надоградил овој музички проект.
Записот е направен во познатото студио Алшар, под раководство на Ивица Јанкуловски – Штраф, кој се погрижил за миксот и мастерингот.
Песната е исполнета со мелодични ноти и силни рими кои ја одразуваат реалноста во нашата држава. Нејзината порака е повик за промени во мислењето и борба за еднаквост.
Видеозаписот е дело на Катерина Јорданоска, во продукција на Перспектива Рекордс. Ве покануваме да го погледнете видеото и да ја слушнете песната.




