Андроидите предизвикуваат конфликт во нашите мозоци

андроидиАко некогаш сте виделе андроид во филм тогаш најверојатно го знаете чувството. Изгледа како човек, се движи како човек, но сепак е малку морничаво. Сега научници откриле зошто ни е неудобно да ги гледаме ваквите роботи – тие поттикнуваат конфилкт во нашиот мозок.

Празнината помеѓу нашите очекувања за нивните движења, и начинот на кои тие всушност се движат предизвикува забуна во дел од мозокот кој раководи со движењата на телото. Соочен со изглед и реалност кои не се совпаѓаат со очекувањата, мозокот реагира со симулирање на мачнина. Чувството би можело да им биде познато на луѓето кои ги гледале научно-фантастичните филмови „Ѕвездени Патеки“ или поточно Дата, андроидот кои изгледа како човек.
андроидиНаучниците дури и развиле име за појавата кога роботите изгледаат доволно човечки за да бидат реалистични – „морничавата долина“ – но досега никој не можел да ја објасни причината зад оваа појава. Истражувачи од Универзитетот од Калифорнија во Сан Диего им покажале на 20 тест субјекти помеѓу 20 и 36 годишна возраст фотографии од неверојатно реалистичниот јапонски андроид Repliee Q2. Андроидот е често пофален како најреалистичен во светот; на тест субјектите им било покажано видео од андроидот како пие вода, подига хартија и поздравува со рака.

Нив им биле покажани и видео од човек кои ги извршува истите движења и видео од скелетот на Q2 без кожа, за јасно да биде видливо дека се работи за робот. Истражувачите откриле дека при набљудување со помош на функционална магнетна резонанса (fMRI) имало активност во ист дел од мозокот кај сите 20 субјекти. Поточно во оној дел од мозокот кој ги поврзува деловите кои ги анализираат движењата на телото со мозокот кој се справува со начинот на кој се однесуваме кон таквите движења.

Главниот истражувач Ајсе Пинар Сајгин, асистент по когнитивна наука рекла дека тука доаѓа до конфликт и чувството на „исплашеност“. Таа додала: „Мозокот навидум не е адаптиран да се грижи за биолошкио изглед или биолошкото движење. Но она што го бара мозокот е исполнување на неговите очекувања – изгледот и движењата да се совпаѓаат.“ Таа предложува во иднина филмските продуценти да им покажуваат видеа од нивните андроиди на  тест субјекти за да се обезбедат дека тие нема да бидат „исплашени“. [Human-like robots are creepy because they spark conflict in our brains]

- Реклама -