Анџелина повторно бремена?

aaa
Најславниот холивудски пар, Анџелина Џоли и Бред Пит по седми пат ќе станат родители, пишуваат американските медиуми.

Имено, Џоли е во блажена состојба, а поради утринските мачнини избегнува да присуствува на јавни настани. Токму тоа е причината поради која не се појавила на доделувањето на „Златен глобус“.

Таа и Бред Пит веќе се родители на шест деца: Медокс (11), Пакс (9), Захара (7), Шајло (6) и близнаците Нокс и Вивиен (4).

Во последните неколку месеци, парот беше мета на медиумите со приказните за нивната тајна венчавка, која, наводно, се одржа на Карибите.

- Реклама -