Ангелов: Има правни пречки за доставување цистерна со керозин за да не мора хеликоптерите да се враќаат во Скопје по гориво, работиме на нивно надминување

Скопје, 5 август 2021 (МИА) – Хеликоптерите се вратени во Скопје за да наполнат гориво и повторно ќе се вратат на терен, изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Со цел да не се враќаат хеликоптерите до Скопје за гориво, Ангелов истакна дека во моментот се работи на надминување на правните пречки за да може да биде доставена цистерна со керозин најблиску што може.

– Ние се обидуваме што поблиску да однесеме цистерна со керозин за да не мора хеликоптерите да се враќаат назад до Скопје, но протоколите и законите тоа го отежнуваат. Се обидуваме овој момент да го надминеме. Во спротивно, хеликоптерите ќе гаснат и потоа ќе се враќаат во касарна за гориво. Кога ќе фатат жештините, ќе мора да направат пауза, изјави Ангелов за МИА.

- Реклама -