Англиски хулиган го нокаутираше голманот Киркланд на натпревар (видео)

Фудбалска Англија е во шок поради инцидентот што се случи на вчерашниот меч од Чемпионшип дивизијата. Одеднаш хулиган влета на теренот и го нокаутира противничкиот голман.

Настрада Крис Киркленд, некогашен голман на Ливерпул, кој сега го брани голот на Шефилд Венсдеј, а има дури и еден настап за англиската фудбалска репрезентација.

Во 77.минута, кога гостинскиот играч Тонге постигна гол за израмнување, навивач на Лидс Јунајтед влета на теренот и со двете раце го удри голманот на домашниот тим Шефилд Венсдеј.

{youtube}8WLhKsI_0Gg{/youtube}

На Крис Киркленд мораше да му биде укажана лекарска помош за да може да го продолжи мечот, а фудбалот во Англија претрпе уште еден голем срам.

- Реклама -