Водството на англиската Премиер лига ќе отвори специјален профил на социјалните мрежи кој ќе објавува објаснувања поврзани со ВАР одлуките за време на натпреварите.
Со оглед на бројните поплаки за судиските одлуки во ВАР-собите, имаше дури и иницијатива од Вулверхемптон Вандерерс за укинување на ВАР-от, но со мнозинска одлука на клубовите во јуни беше одлучено ВАР технологијата да остане во употреба, а одлуката за лансирање на посебна сметка на која ќе се објаснуваат одлуките во Премиер лигата, се надеваат дека ќе ја намалат фрустрацијата на дел од навивачите.
„Бидејќи не е дозволено да емитува во живо аудио врката со ВАР-от, Центарот за натпревари во Премиер лигата ќе се потпре на нашите социјални медиуми за да објавува објаснувања за одлуките на ВАР-от што е можно побрзо“, соопштија од Премиер лигата.
Затоа, сите објаснувања за одлуките на ВАР во Премиер лигата во претстојната сезона треба да бидат достапни на X и на сметката @PLMatchCentre.