Анимиран филм „Секс водич за млади“

Анимираниот филм „Секс водич за млади“ е снимен уште во 90-те и веднаш синхронизиран на хрватски јазик и тоа со намера да, како што кажува и самиот наслов, ги едуцира младите за сексот. Сепак, неговата ТВ премиера никогаш не се случила.

Причината поради која филмот бил забранет веројатно е противењето на надлежните институции да се говори отворено за сексот, а уште помалку пак за женската мастурбација додека во позадина се врти анимација од самиот чин.
Но, ова експлицитно видео е навистина корисно, особено за младите генерации кои најчесто се учат за чинот од играните филмови. Во оваа анимација отворено се објаснува за првиот секс, мастурбација, ерогени зони, хомосексуалноста, сексот за една вечер и сите животни и сексуални очекувања и разочарувања на младите.
Нажалост, кратко време после неговото објавување, филмот беше отстранет од YouTube, а деталите за истиот можете да ги погледнете тука.

- Реклама -