Анкета: Германците поделени за испораката на тенкови во Украина

Според резултатите на најновата анкета на телевизијата АРД „Дојчландтренд“, 46 проценти од Германците се за испраќање на тенкови Леопард на Украина.

Испораката на тенкови ја поддржуваат лицата постари од 65 години, како и жителите на западните германски покраини. Додека против испораката на тенкови за Украина се изјасниле 43 отсто од испитаниците, а 11 проценти не сакале да одговорат. Анкетата покажува дека лицата до 50 години претежно се против испраќање на тенкови во Украина.

Според ова истражување, испораката на тешки борбени тенкови за Украина најмногу ја одобруваат приврзаниците на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија од Баварија (ЦСУ) и Зелените со 66, односно 61 отсто. Меѓу оние кои ја поддржуваат Социјалдемократската партија на Германија (СПД), 49 проценти се изјасниле тенковите „треба да бидат испорачани“.

Прочитајте и:  Американски сенатор: Залудно е да се преговара со тиранинот Путин

Резултатите од анкетата покажуваат дека најголем отпор имаат приврзаниците на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), бидејќи 84 отсто од нив се изјасниле против испорака на тешки борбени тенкови за Украина.

На прашањето за кого би гласале доколку изборите се вo недела, речиси и да нема промени во однос на претходната анкета. Коалициските партии СПД (19 отсто), Зелените (19) и ФДП (6 отсто) имаат поддршка од вкупно 44 проценти од гласачите. Партиите на Унијата ЦДУ и ЦСУ би добиле 29 отсто од гласовите.

МИА

- Реклама -