Анкета: Над 75 отсто од Финците поддржуваат членство во НАТО

Хелсинки, 9 мај 2022 (МИА) – Повеќе од три четвртини од луѓето во Финска поддржуваат пристапување во НАТО, покажа новото истражување, што, според локалните медиуми се должи на руската инвазија на Украина.

Поддршката за членството во НАТО досега беше стабилна на 20 до 30 отсто, но во последните месеци се зголеми во Финска, како и во соседна Шведска, кои досега беа воено неутрални.

Околу 76 отсто од Финците сега сакаат земјата да се приклучи на НАТО, за разлика од 60 отсто во март, според анкетата нарачана од радиодифузерот YLE и спроведена од истражувачката компанија Талоустуткимус. Анкетата, исто така, покажа дека мнозинството е „за“, без разлика на партиската припадност. Посебна анкета минатата недела покажа дека повеќето пратеници се за членство во НАТО – 121 од 200 пратеници „за“, а само 10 „против“.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

Финска и Шведска се приближија до Алијансата и размислуваат за можна заедничка кандидатура за подобро да се заштитат од нивниот сосед, Русија.

Според Алијансата, постои широка поддршка за добредојде на земјите во НАТО, но нивното членство треба да биде ратификувано од парламентите на сите 30 сегашни земји-членки.

- Реклама -