АНСА: Бајден нема да присуствува на вечерата за лидерите на Г7 поради умор

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе ја прескокне вечерата што италијанскиот претседател Серџо Матарела ја организира во замокот Кастело Свево во Бриндизи за шефовите на држави и влади кои учествуваат на самитот на Г7 во блиското одморалиште Борго Енцисија, изјавија безбедносни извори за Анса.

Изворите додаваат дека американскиот претседател бил уморен по неговите обврски во изминатите неколку дена, вклучително и неодамнешниот престој во Нормандија за одбележување на 80-годишнината од Денот Д.

Самитот на Г7 беше отворен денеска со договор на лидерите за заем за Украина од 50 милијарди долари од замрзнати руски средства.

Папата Франциско утре ќе присуствува на состанок за вештачка интелигенција, а ќе се сретне и со претседателите на САД, Франција, Турција и Украина. Ова ќе биде првпат римокатолички лидер да присуствува на работен состанок на Г7.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари
- Реклама -