Веќе неколку години пијалаци ветуваат електролити, кофеин и инстантна енергија. Но сега се појавуваат пијалаци кои го нудат спротивното од Red Bull – тие ве смируваат. Со појавата на смирувачки пијалаци на пазарот некои производители дури и почнале да ставаат марихуана, или состојки кои ги имитираат дејствата, во нивните производи.
„Сите бараат некаков ефект“ изјавил доктор Метју Симон, асистент на колеџот за Фармација од Нова Југоисточен Универзитет. Пијалаци како Malava Novocaine, Drank, Unwind, Mary Jane’s Relaxing Soda и Slow Cow (кој се продава во Канада) се рекламирани како помагало за опуштање. „Кога сте под стрес, нормално е да се напиете нешто“ рекол Мет Муди, основач на Mary Jane’s Relaxing Soda. „Не може цел ден да мирисате на водка. Сакав да пробам да направам нешто што ќе ве опушти. Нема да загубите рамнотежа, да паѓате или погрешно да ги изговарате зборовите. Ова е брзо решение за забавување на светот кога се ќе стане премногу хаотично.“
Но некои луѓе се прашуваат дали ваквите анти-енергетски пијалаци се безбедни. Не постојат многу научни студии за нив бидејќи тие неодамна се појавиле на пазарот. Роналд Петерс, асистент од Универзитетот од Тексас, посочува на сличности помеѓу составот на уличните дроги и овие анти-енергетски пијалаци. Тој го нарекол маркетингот поврзан со овие комерцијализирани анти-енергетски пијалаци „еден од најлошите примери на корпорациски неморал што сум ги видел“ и ги обвинил компаниите за профитирање од легална верзија на улична дрога. Според него, многу родители не се ни свесни какво дејство имаат овие пијалаци. [Anti-energy drinks: Relaxation in a can]