Антикорупциска побарала податоци за имотната состојба на Јанушев и за патувањето на синот на Мицкоски во САД

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) има оформено предмет и во тек е постапката за утврдување на вистинитоста и точноста на податоците искажани во анкетниот лист за имотот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, информира претседателката на ДКСК Татјана Димитровска по завршувањето на денешната 8-ма седница на Државната комисија.

-Побарани се податоци и по нивното обезбедување од сите институции до кои е доставено барањето ќе ја изанализираме состојбата и ќе донесеме одлука на јавна седница, рече Димитровска во одговор на новинарско прашање.

Членот на ДКСК Зоран Богоевски, пак, истакна дека Државната комисија по сопствена иницијатива отвори предмет за патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

-По неа се постапува. На 16 јули доставено е барање за обезбедување на потребната документација до генералниот секретар на Владата. Согласно доставницата барањето е примено на 23 јули од страна на генералниот секретар и очекуваме достава на документација по чие добивање ќе го разгледаме предметот и во најбрзо време ќе биде донесена одлука на седница на ДКСК, рече Богоевски.

- Реклама -