Сите сакаат да играат со меури, а сакаат и со антимеури. Чекај малку, што се антимеури?
Како што и самото име кажува, тие се спротивното од меурите. Меурите се всушност обвивка од течност што во себе заробува гас. Кога пукаат, течноста што ја формира бариерата паѓа кон дното, а гасот излегува кон површината. Кај антимеурите, слој од гас во себе заробува течност. Кога овие пукаат, обвивката, во случајов од гас, испловува кон површината, наместо да потоне како кај меурите.
Обичните меури пукаат кога притисокот на површината на надворешната течност станува премал за да го задржи воздухот внатре. Антимеурите пак, пукаат кога надворешниот притисок ќе ги надвладее врските меѓу молекулите на гасот што ја држат обвивката од течност раздвоена.
Иако веројатно прв пат слушате за нив, антимеури можете да направите и дома, со мал експеримент објаснет во видеото: