Антицелулитни вежби за брзи резултати

Да се изборите со целулитот не е лесна задача. Ако сте постигнале подобрување како последица на диета или масажи, треба да бидете сигурни дека ќе ги задржите постигнатите резултати. Вежбите, кои ќе ви ги презентираме денеска, се идеални за целта, бидејќи тие ја поттикнуваат циркулацијата на крвта во екстремитетите, ги стегаат мускулите во целото тело – најмногу во зоната на колковите и не на последно место, ги согоруваат наталожените поткожни масти. Движењата се едноставни, веројатно секоја жена ги правела барем еднаш.

Склекови 

 

 

Со ова движење ќе ги обликувате рацете, рамената, стомакот и колковите. Можете да ја замените топката со праг или друг дел малку издигнат од подот.

Странични стомачни со тегови

На овој начин ја вежбате половината и работите активно на стомачните мускули. Ефектот ќе биде двоен, ако користите медицинска топка (медицинка) или тегови со тежина околу 5 до 10 кг.

Свиткување

Ова движење, повеќе популарно со жаргонскиот назив „Супермен“, ги тонизира мускулите на грбот, задникот, бутовите и рацете истовремено. Додадете тегови на нозете за поактивна борба со целулитот.

Длабоки сквотови

 

Тие ги обликуваат нозете и задникот и се совршена вежба против целулит, бидејќи ја тераат мускулатурата во долниот дел од телото да се движи целосно. Така циркулацијата се стимулира подобро и соодветно целулитот се намалува побрзо.

Мост на една нога од лежечка положба

Движењето се повторува и со другата нога. Со него активно се работи на отстранување на целулитот од бутовите и задникот.

„Брод“

Спојте ги нозете, кренете ги високо и подигајте го горниот дел на телото кон нив. Користете ги рацете за рамнотежа и извлечете сила нагоре. Со оваа вежба се работи на обликување на колковите и стомакот.

Планк со подигнати нозе

 

Потпрете се на лактите и подигнете ги нозете на стабилна површина. Држете го телото во таа положба 30 – 40 секунди. Ќе почувствувате силен напон во пределот на стомакот.

Растегнување

Растегнатоста на мускулите е исклучително важен дел од вежбањето, која не треба да се потцени.

- Реклама -