Апасиев: Да ми прости LGВТ заедницата, требаше да си дадете оставки, а не педepски да го менувате името

Како што и се очекуваше, собраниската седница на која се дискутира новата влада не остана лишена од остри критики и меѓусебни препукувања. Исто така очекувано, еден од најострите на јазик беше пратеникот Димитар Апасиев од Левица.

По обраќањето на Дамјан Манчевски, во кое тој сугерираше дека референдумот за промена на името бил успешен и ѝ донел напредок на земјата, но во кое исто така го бранеше и образот на мандатарот Зоран Заев, потенцирајќи го примерот кога по недобивањето датум за преговори со ЕУ Заев си поднесе оставка и побара нови избори, жестоко реплицираше претседателот на Левица:

„Почитувани пратеници, кога го гледам овој довчерашен министер, а сегашен пратеник, како живчано благоглаголи и морализира, си викам, тој ли е истиот што еден Регистар за јавни службеници не успеа да направи во неговиот мандат, и си викам, во иста ли држава живееме. Бидејќи почна да враќа историја како тоа Заев инсистирал да го врати мандатот после недобивањето на датум за датум за датумот на датум, па гледам имате селективна меморија, да ве вратам уште малку поназад во историјата или предисторијата, за тоа кога требаше сегашниот мандатар да даде оставка. Тоа беше ноќта по неуспешниот рефрендум; Требаше да го вратите мандатот, а не капсиозно, и да ми прости LGВТ заедницата, педepски да играте до крај, а тоа значи без добиена одлука од народот, без легитимитет, квислиншки да го смените името на Македонија. Така прават државниците, почитуван колега, така направи Шарл Де Гол, но трговците поединци од струмичко прават поинаку. Сега ќе бевме горди Македонци, а не сичушни Северномакедонци, а потписниците на Преспанскиот договор, узурпаторите, ќе беа зад решетки за кривично дело загрозување на независноста и ставање во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава – кога името Македонија како регион може да го користи Грција, а името Македонија како држава не може да го користи Република Македонија. Со ова ќе завршам, ова ви се последни избори на кои освојувате 40 пратеници, бидејќи и на светско ниво социјалдемократијата веќе не секси. А ако веќе сакаме да се дијагностицираме, вас ве има добро дијагностицирано еден филозоф Кангрга, во два збора – ‘шверцери на сопствените животи’ “, порача Апасиев.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

По крајот на обраќањето, Апасиев веднаш беше прекорен од собранискиот спикер Талат Џафери, кој истакна дека секој има право на слобода на говор, но дека пратениците мора да внимаваат на вокабуларот и дека се надева дека таков вокабулар Апасиев не користи и кога предава на факултет.

 

- Реклама -