Апасиев поднесе кривични за заканувачите, Левица очекува иста експедитивност како за заканувачите на Заев, Спасовски и др.

Претседателот на Левица – Димитар Апасиев, заедно со неговиот адвокатски тим, денес во архивата на Основното јавно обвинителство Скопје ја поднел кривичната пријава против Мерсиха Смаиловиќ од Скопје и уште шестмина други лица кои му се заканувале нему и на членовите на неговото поблиско семејство, информираат од партијата. Наводите од пријавата, додаваат, претходно записнички се пријавени и до надлежните инспектори во МВР – СВР Скопје, Одделение за борба со компјутерски криминал.

Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи за сомневање за сторено тешко кривично дело: „Ширење на расисистички и ксенофобичен материјал по пат на комјутерски систем“ казниво по член 394-г, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, како и за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“ – казниво по чл. 144, ст. 4, а во врска со чл. 23 од КЗ (поттикнување).

Прочитајте и:  Левица: Инспектор прекина постапка за дивоградба во Струга зашто инвеститорот поднел незаконско барање за легализација

„Очекуваме ОЈО Скопје да постапи по пријавата со истата експедитивност како кога пријавен беше нашиот претседател Апасиев и да ги преземе сите процесни, предистражни и истражни дејствија – слично како во други експонирани случаи, кога како пријавители се јавуваа носители на јавни функции од власта, а нивните заканувачи беа експресно санкционирани (примерите со премиерот Зоран Заев, министерот Оливер Спасовски, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и др.)“, порачуваат од Левица. Додаваат дека будно ќе го следат текот на истрагата и благовремено ќе ја информираат јавноста „за постапувањето или непостапувањето на обвинителите од ОЈО по конкретниов предмет“.

- Реклама -