Професорот Димитар Апасиев, секогаш расположен за врлање огнени стрели кон власта и опозицијата, излезе со интересен статус на социјалните мрежи.
„Цел систем е фокусиран на телефонско лечење од корона; тестови од 15 евра си ги фактурираат како 90 евра; на стари лица не им доаѓа Брза помош додека не умрат дома; медицински сестри и лекари чекаат донации на визири од нивни колеги-активисти, пошто државата „нема пари” за нив, ама има за СЈО; народот е оставен на милост и немилост на лихвобанкарите; сѐ е ставено на стенд-бај, како да нема веќе други болести…“, пишува претседателот на Левица.
Апасиев обвини и дека овој период има партиски вработувања, а истотака посочи и дека некој профитира од таканаречените хуманитарни летови со кои се враќаат македонските граѓани од странство.
„Ама важно, се ќарат провизии од „хуманитарни летови”, се вработуваат и последните партиски ботови во администрација и министерот е достапен за секое новинарско прашање“, завршува професорот Апасиев.